Линкови за пристапност

Буш: Ги повикувам сите граѓани да гласаат на референдумот за понадежна приказна


Писмото на Буш до македонски граѓани за референдумот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Поранешниот претседател на САД му се обрати на македонскиот народ во писмо, кое го објави Атлантскиот совет во Вашингтон

Уште од првиот ден на вашата независност, Соединетите Американски Држави се ваш постојан пријател, рече поранешниот претседател Џорџ В. Буш, во писмо до македонскиот народ, кое вечерва го објави Атлантскиот совет во Вашингтон.

„ Американскиот народ се восхитуваше на вашето мирољубиво издигнувње од пепелта на Југославија. Ја почитуваме вашата храброст да се придржувате до демократските вредности и слободните институции. И го поддржуваме вашиот стремеж за остварување на напредок и безбедност во Европа, која е цела, слободна и живее во мир“, вели Буш.

Тој нагласува дека како претседател на САД имал чест да го поддржи претседателот Трајковски во 2001, кога тој ја оттргнал Македонија од работ на граѓанската војна во правец на општество дефинирано со мултиетничко разбирање и владеење на правото.

„ И бев горд кога Соединетите Држави ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име во 2004“, рече Буш.

Тој вели дека Договорот од Преспа, сега пред неговата ратификација, е храбар и фер компромис, кој ќе ја стави Македонија на патот кон влез во Европската унија и НАТО, и што ќе осигура светла иднина, која претседателот Трајковски ја имал замислено.

„Ги повикувам сите граѓани на Македонија да учествуваат во носењето на оваа историска одлука и да гласаат на националниот референдум на крајот од овој месец. После една деценија на пречки, сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас, за вашите деца, за вашите соседи и за вашата земја “, вели Буш во писмото, нагласувајќи дека со нетрпение го очекува денот кога САД гордо ќе и посакаат добредојде на Република Северна Македонија како најнов сојузник и 30-та членка на НАТО.

Буш додава дека претседателот Трајковски бил „ човек со интегритет, решителност и, најмногу од се, човек со верба. Тој имаше верба во Господ, верба во својата земја и нејзините луѓе, како и верба во способноста на нејзините лидери да носат мудри одлуки“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG