Линкови за пристапност

Најголемиот џекпот во историјата на лотаријата падна во Јужна Каролина


Добитното ливче изнесува 1.6 милијарди долари

Најголемиот џекпот во историјата на лотаријата вчера падна во сојузната држава Јужна Каролина, каде беше извлечено добитно ливче од 1.6 милијарди долари.

Официјални претставници на лотаријата „Мега милиони“ изјавија дека на ливчето купено во Јужна Каролина се совпаѓаат сите шест бројки - 5, 28, 62, 65, 70 и дополнителниот број 5.

Најверојатно светот нема да го дознае победникот, бидејќи Јужна Каролина е една од осумте сојузни држави, заедно со Делавер, Џорџија, Канзас, Мериленд, Северна Дакота, Охајо и Тексас, каде победниците може да останат анонимни.

Добитникот може да ја одбере опцијата да добива дел од парите еднаш годишно во наредните 29 години, или да ги земе сите наеднаш, што во овој случај ќе изнесуваат 913 милиони долари. Речиси сите добитници досега одлучиле да ги земат сите пари наеднаш.

„Мега милиони“ се играше во 44 сојузни држави, вклучувајќи го и главниот град Вашингтон и американските Девствени острови.

Се очекува да поминат денови, дури и недели, пред добитникот да ја земе наградата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG