Комбинираната можна добивка на игрите на американската лотарија „Мега милионс“ и „Пауербол“ ја надмина сумата од една милијарда долари.
Џекпотот за „Мега милионс“ синоќа изнесуваше рекордни 667 милини долари. Чистата добивка после сите давачки би изнесувала 380 милиони долари.
По синоќешното извлекување на „Мега милионс“ никој не го погоди џекпотот и тој на следното извлекување ќе изнесува 868 милиони долари.
Џекпотот за вечерашното извлекување на „Пауербол“ беше 345 милиони долари.
Facebook Forum