Комисии на Претставничкиот дом и Сенатот одржуваат распит за нападот врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија.
Независна експертска група објави извештај во кој заклучува дека безбедноста на американската мисија во Бенгази кога се случил инцидентот била, „крајно неадекватна“.
Денеска пред Комисиите за односи со странство се очекува да сведочат замениците државни секретари Вилијам Брнс и Томас Најдс.
Во меѓувреме, портпаролката на Стејт департментот, Викторија Нуланд, соопшти дека државната секретарка Хилари Клинтон ја прифатила одлуката на Ерик Босвел да поднесе оставка на функцијата помошник-секретар за безбедност на дипломатскиот кор. Нулад додаде дека тројца други вработени во Стејт департментот биле ослободени од актуелните должности.
Во нападот во Бенгази на 11-ти септември 2012, загинаа четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот на САД во Либија, Кристофер Стивенс.