ВАШИНГТОН —
Две од најголемите авиокомпании во светот, Американ и Јунајтед еарлајнс, изјавија дека ќе отпуштат од работа вкупно 32.000 работници, како последица на недостиг на доволна итна помош од федералната Влада.
Американската авиоиндустрија доби 25 милијарди долари помош во март, за време на првите денови на пандемијата, кога беа стопирани сите домашни и меѓународни летови.
Оваа најава доаѓа во исто време кога и американскиот гигант Дизни рече дека ќе отпушти 28.000 работници, најмногу од забавните паркови во Флорида и Калифорнија.
Центрите за контрола и превенција на болести на САД, најавија дека ја продолжуваат забараната за патување со крузери до 31 октомври.
Facebook Forum