Линкови за пристапност

Делумно падна забраната за лаптопи во авиони


Мерката се` уште важи за летовите кои сообраќаат кон САД од аеродромите во Египет, Саудиска Арабија и во Мароко

Авионските компании „Ројал џорданиан“ и „Кувајт ервејс“ соопштија дека нивните патници повторно ќе можат да носат лаптопи и други лични електронски апарати на директните летови кон САД.

Во март, САД ја воведоа забраната за летови од 10 аеродроми на Блискиот Исток, велејќи дека се плашат оти терористите би можеле да ги сокријат бомбите во внатрешноста на уредите

Одделот за домашна безбедност на САД достави барања до одредени авиокомпании, за тоа какви безбедносни мерки треба да се воведат спрема патниците, вклучувајќи и софистицираните ренген снимки, како и ултразвук за уредите, кои луѓето сакаат да ги носат со нив за време на летот.

Во изјавата на „Ројал џорданиан“ од неделата стои дека авиокомпанијата сега ги исполнила условите и дека забраната била укината за своите летови од Аман.

Од „Кувајт ерлајнс“ исто така изјавија дека нејзините патници би можеле повторно да носат електронски уреди на летовите од Кувајтскиот меѓународен аеродром.

Минатата недела, „Катар ервејс“ со седиште во Доха, „Етихад“ од Абу Даби, „Емирати“ од Дубаи и „Туркиш ерлајнс“ со седиште во Истанбул, изјавија дека ги исполниле новите барања.

Забраната се уште важи за летовите кои сообраќаат кон САД од аеродромите во Египет, Саудиска Арабија и во Мароко.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG