Линкови за пристапност

Џаред Кушнер под истрага на ФБИ


Џаред Кушнер, виш советник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, е под истрага од страна на Федералното истражно биро (ФБИ), во рамки на пошироката истрага за можна поврзаност меѓу кампањата Трамп и Русија, соопштија Вашингтон пост и и ТВ-мрежата Ен-Би-Си.

Фокусот на ФБИ врз Кушнер, не значи дека тој е осомничен за кривично дело, ниту, пак е предмет на поширока истрага на Бирото, за Русија.

Според Вашингтон пост, во моментов се разгледуваат средбите што тој ги имал со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак и виш претставник на руска банка, кон крајот на минатата година за време на претседателската транзиција.

Најновиот развој на настаните се случува две недели откако претседателот Трамп ненадејно го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми, кој беше одговорен за надзор на тековната истрага.

Трамп на повеќе наврати негира каква било поврзаност меѓу неговата кампања и Кремљ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG