Северна Кореја изјави дека плановите на САД да распоредат борбени авиони и воена опрема околу Корејскиот Полуостров ќе предизвикаат нова студена војна во регионот.
Владиниот портпарол објави соопштение во кое се вели дека позицијата на Северна Кореја останува непроменета да ги реши сите прашања преку дијалог и преговори, но, оти дијалог пропратен со воени закани не е од нивен интерес.
Ваквиот став на Северна Кореја уследи еден ден по најавите на администрацијата на Трамп дека е подготвена да ги продолжи нуклеарните преговори, откако претседателот Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретнаа по вторпат.
Советникот за национална безбедност на Јужна Кореја рече дека очекува разговорите меѓу САД и Северна Кореја да поминат добро.
Засега двата самита, и кусата средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун, не донесе договор да ги лимитира нуклеарните амбиции на Северна Кореја.
Facebook Forum