Линкови за пристапност

САД распоредуваат делови од системот за противракетна одбрана во Јужна Кореја


Среде растечките тензии околу ракетните и нуклеарни програми на Северна Кореја, армијата на САД почна со распоредување на одредени делови од системот за противракетна одбрана на позиционирачко место во Јужна Кореја.

Демонстранти се судрија со полицијата во општината Сионгу, додека камиони со делови на системот познат под кратенката THAAD, беа пренесени на поранешен терен за голф.

Првите елементи на системот беа доставени во Јужна Кореја на почетокот на март.

Сеул и Вашингтон велат дека целта на усовршениот систем THAAD, е да брани од напади со проектили од Северна Кореја, порекнувајќи ги тврдењата на Кина дека претставува закана по нејзината безбедност.

Пјонгјанг изминативе неколку месеци изведе неколку балистички тестови со проектили и се верува дека се подготвува за шесто тестирање на нуклеарно оружје, наспроти силното противење на Пекинг и острите економски санкции од меѓународната заедница.

Претседателот Доналд Трамп за денеска во Белата куќа ги покани сите 100 американски сенатори, на брифинг зад затворени врати посветен на Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG