Линкови за пристапност

Белата куќа ја условува средбата со Ким Јонг Ун


За да дојде до директен разговор меѓу лидерите, Северна Кореја треба да направи конкретни потези, кажа портпаролката Сара Хакаби Сандерс

Белата куќа соопшти дека претседателот на САД Доналд Трамп, нема да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, додека Пјонгјанг прво не преземе „конкретни и проверливи“ активности.

Ова го кажа портпаролката Сара Хакаби Сандерс, на денешниот брифинг за новинарите, не прецизирајќи за какви активности станува збор.

Соседите на Северна Кореја ја поздравија изненадувачката одлука на претседателот Трамп да се сретне со Ким Јонг Ун, на разговори за ставање крај севернокорејската нуклеарна програма.

Одлуката беше поздравена и од американски законодавци, кинески, јапонски и јужнокорејски официјални лица, кој воедно и предупредија на можниот исход од оваа билатерална средба на високо ниво.

Во моментов не е познато што би побарал Ким Јонг Ун во замена за нуклеарната програма, којашто е во фокусот на вниманието од крајот на 2011-та година, откако застана на чело на државата.

Американскиот претседател синоќа се согласил на средба „до мај“, во Пјонгјанг. Ова беше соопштено од Чунг Еуи-Јонг, шеф на Канцеларијата за национална безбедност на Јужна Кореја, кој беше во посета на Белата куќа.

Пристапот на американскиот претседател за „максимален притисок“, доведе до воведување на остри санкции против Северот, „кои ќе останат на сила, се` додека не се постигне договор“, напиша тој на Твитер.

Поранешниот американски амбасадор во Јужна Кореја Кристофер Хил, рече дека најавата е „исклучителна“ и изрази загриженост за исходот.

Шансите за денуклеаризација, би можеле значително да ги намалат тензиите кои настанаа по тестовите на нуклеарно оружје и балистички проектили од страна на Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG