Линкови за пристапност

Кери: Дводржавното решение за Блискиот исток е под ризик


Премиерот на Израел смета дека говорот на државниот секретар на САД бил едностран

Американскиот државен секретар Џон Кери ја претстави визијата за евентуален мир меѓу Израел и Палестинците, предупредувајќи дека дводржавното решение за конфликтот е под сериозен ризик.

„Гласањето во Обединетите нации беше да се заштити дводржавното решение“, рече Кери, и додаде дека тоа било направено во согласност со американските вредности.

Говорот на Кери предизвика низа реакции од израелските лидери.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху смета дека говорот на Кери бил едностран.

„Неговиот говор беше искривен и против Израел. Еден час зборуваше за изградбата на домовите за доселеници, и едвај спомна за корените на конфликтот“, рече Нетанјаху.

Вашингтон верува дека изградбата на домовите во источниот дел на Ерусалим е пречка за мир, но САД генерално го искористи ветото во Советот за безбедност да го заштити Израел.

XS
SM
MD
LG