Линкови за пристапност

Како медиумите го креираа имиџот на Кенеди?


Како медиумите го креираа имиџот на Кенеди?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Изложба за претседателот и неговото семејство во Њузеумот во Вашингтон

40.000 оригинални фотографии денес го чуваат наследството на Џон Кенеди - претседателот на САД кој ја создаде врската меѓу печатот и Белата куќа.

Дел од нив се наоѓаат во најновата изложба во Њузеумот во Вашингтон, меѓу кои и првата професионална фотографија од Кенеди, направена во текот на кампањата, пред да стане претседател.

„Токму таа фотографија е вовед во она што ова семејство ќе го направи, и како тоа ќе се претстави пред народот. Кенеди сфати дека печатот и фотографиите, ќе можат да ги отсликаат неговата работа и живот во едно убаво светло. Така се` почна“, вели Индира Вилијамс, директорка на фотографија во Њузеумот.

Вилијамс вели дека прегледот во сликите на Кенеди открил историско богатство, кое претставува темел на модерното претседателство во САД.

„Претседателот Кенеди, и целото негово семејство, многу рано ја сфатија важноста и улогата на фотографиите во подобрување на нивниот политички имиџ. Но, Кенеди ја воспостави оваа историска врска и поради тоа што веруваше дека е право на граѓаните да знаат што прави нивниот претседател“, вели таа.

Овие ретки фотографии, вели таа, го откриваат и денешниот однос меѓу медиумите и претседателот. Вилијамс вели дека иако тој е поинаков, печатот и натаму игра важна улога во доближување на претседателот до народот, што беше и едно од главните заложби на Кенеди.

Фотографот Џекјус Лоу ја создаваше легендата за претседателството на Кенеди, позната како „Камелот“.

Неговите фотографии од Џон и Џеки Кенеди, и нивните деца Керолајн и Џон Јуниор, помогнаа да се креира имиџот на Кенеди во медиумите, како и да се зголеми неговата популарност, и да се освојат срцето и довербата на јавноста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG