Линкови за пристапност

Републиканците оптимисти пред процедуралното гласање за номинацијата на Кавана


Последна фаза од напорите на номинацијата за Врховниот суд на претседателот Доналд Трамп, судијата Брет Кавана да го пополни испразнетото место во највисоката судска инстанца на САД.

Пред утрешното финалното гласање, денес сенаторите ќе одржат процедурално гласање со кое ќе се стави крај на дебатата за номинацијата на Кавана.

За време на синоќешниот собир во Минесота, претседателот Трамп сугерираше дека демократите ќе платат висока цена заради тоа што се спротивставија на Кавана.

„Се што треба да сторите е да ги погледнете анкетите во последниве три, четири дена кои покажуваат дека нивниот гнев предизвика отпор и им се врати како никогаш досега.“

Процесот на потврдување на Кавана беше забавен заради наводите за сексуално малтретирање од страна на три жени. Мислењата за извештајот на ФБИ во врска со овие обвиненија во голема мера беа по партиска линија.

Ако биде потврден Кавана ќе го замени пензионираниот Врховен судија Ентони Кенеди.

Поранешниот судија Џон Пол Стивенс кој го поддржуваше Кавана го смени мислењето и кажа дека тој не заслужува да биде во Врховниот суд. Тој рече дека Кавана нема вистински темперамент за работата, наведувајќи го неговиот агресивен тон за време на сведочењето во сенатската Комисија за правосудство во врска со наводите за сексуално малтретирање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG