Линкови за пристапност

Кавана обвинет за сексуално злоставување


Професорка на Универзитетот Пало Алто во Калифорнија покренала официјален приговор против номинираниот судија за Врховниот суд на САД Брет Кавана

Кристин Бласи Форд универзитетска професорка во Калифорнија за Вашингтон пост изјавила дека Кавана и негов пријател, двајцата по дејство на алкохол ја принудиле да влезе во соба додека Кавана се обидувал да ја соблече.

Инцидентот наводно се случил за време на забава во Мериленд во 1980-тите години кога таа и Кавана биле средношколци.

Кавана негираше какво било погрешно постапување.

Демократската сенаторка Даен Фајнстајн бара номинацијата на Кавана да биде ставена во мирување додека ФБИ го истражува инцидентот.

Гласањето во Сенатот за номинацијата е закажано за четврток. Во моментов не се знае дали ќе биде одложено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG