Магазинот Њу Јоркер објави ново обвинување за наводна сексуална злоупотреба против номинацијата за Врховниот суд Брет Кавана.
Според магазинот, двајца сенатори вршат истрага за тврдењето на Дебора Рамирез, која вели дека наводно Кавана се соблекол пред неа на студентска забава на Универзитетот Јеил, за време на академската година 1983-1984 година.
Рамирез признава дека пиела и оти не се сеќава на се`. Но, по консултација со адвокат, магазинот пренесува дека Рамирез се чувствува доволно сигурна за тоа што се случило.
Медиумот вели дека не можел да најде други сведоци за да го потврдат ова тврдење.
Сепак, некои колеги од Јеил велат дека Кавана никогаш не би направил такво нешто, додека дел од колегите на Рамирез се убедени во нејзиниот интегритет, сеќавајќи се на Кавана во често пијана состојба.
Белата куќа објави соопштение од Кавана, во кое тој го негира инцидентот кој откри Рамирез.
Новото обвинувања доаѓа во пресрет на сведочењето на професорката Кристин Блеси Форд пред Сенатската комисија за правосудство в четврток, за наводна сексуална злоупотреба од Кавана во 1982-та година.
Facebook Forum