Линкови за пристапност

Форд треба да одлучи до утре дали ќе сведочи против Кавана в понеделник


Нејзините адвокати и натаму бараат ФБИ да направи истрага пред таа да сведочи во Сенатот

Сенатската комисија за правосудство вели дека Кристин Блеси Форд, која го обвини за сексуална злоупотреба номинираниот судија за Врховниот суд Брет Кавана, има рок до утре да одлучи дали ќе се појави на јавно сведочење в понеделник.

Форд се` уште се нема изјаснето дали ќе дојде на сослушувањето пред Комисијата.

Нејзините адвокати бараат Федералното истражно биро (ФБИ) да направи истрага во врска со нејзиното твдење пред таа да сведочи.

Тие, исто така, изјавија дека Форд и нејзиното семејство се соочуваат со закани, поради што морале да го напуштат нивниот дом.

Форд го обвини Кавана дека сексуално ја злоупотребил во средно училиште пред 36 години. Кавана ги негираше обвинувањата.

Првично Сенатската комисија за правосудство се очекуваше да гласа за потврда на Кавана следниот четврток, но, таквите планови се променија по обвинувњата против него.

Повеќето републиканци повикаа процесот за негово потврдување да продолжи понатаму, обвинувајќи ги демократите дека се обидуваат да го одложат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG