Линкови за пристапност

Адвокатите бараат ФБИ да ги истражи обвинувањата против Кавана


По целосна истрага на изјавата, Кристин Блеси Форд ќе сведочи пред Сенатот, велат нејзините застапници

Адвокатите на Кристин Блеси Форд, која ја обвини номинацијата за Врховниот суд Брет Кавана за сексуална злоупотреба пред повеќе од 30 години, велат дека Федералното истражно биро прво треба да направи истрага на нејзиното тврдење пред таа да сведочи во јавност.

Тие испратија писмо до претседавачот на Сенатската комисија за правосудство, во кое се вели дека целосна истрага од ФБИ ќе осигура дека Комисијата ќе биде целосно информирана пред нејзиното сослушување или носењето на какви било одлуки.

Судијата Кавана негираше каква било сексуална злоупотреба на Форд кога биле тинејџери, и наводно ќе ја каже неговата страна на приказната пред Сенатската комисија следниот понеделник.

Претседателот на САД Доналд Трамп реагираше оти демократите го одложуваат јавното сослушување на Форд.

„Ова требаше да го направат одамна, пред три месеци, а не сега. Се надевам дека жената ќе излезе пред претставниците на Сенатот да го каже нејзиниот случај пред гласањето“, рече Трамп.

Некои од републиканците бараат Кавана да биде потврден пред делумните конгресни избори во ноември, кога може да се случи да го изгубат нивното мнозинство во Сенатот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG