Линкови за пристапност

Одделот за правда на САД го тужи Гугл за монопол во онлајн пребарувањето


Оттаму велат дека компанијата ја угушила конкуренцијата за сопствен профит и на штета на корисниците

Одделот за правда на САД поднесе тужба против компанијата Гугл за наводно прекршување на федералниот закон, користејќи ја доминантната позиција на пазарот да ја угуши конкуренцијата.

Одделот за правда обвинува дека Гугл ја злоупотребил доминантната позиција за да одржи монопол во онлајн пребарувањето.

Гугл веднаш не ја искоментира тужбата, која претставува најзначаен легален предизвик во технолошкиот сектор во САД во повеќе од две децении.

Адвокатите за права на потрошувачите и законодавците долго време ја обвинуваат компанијата за злоупотреба на нејзината доминантна позиција, потценувајќи ја конкуренцијата, и на тој начин наштетувајќи им на потрошувачите и зголемувајќи го сопствениот профит.

Оваа тужба би можела да биде прва од многуте значајни владини акции против Силиконската дполина.

Одделот за правда и Федералната комисија за трговија, исто така, во моментов вршат истраги во Епл, Амазон и Фејсбук.

Висок економски советник на претседателот Доналд Трамп пред две години рече дека администрацијата размислува дали пребарувањето на Гугл треба да биде регулирано од Владата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG