Линкови за пристапност

Исламски милитанти ослободиле американски новинар


Катар помогна за ослободувањето на Питер Тео Куртис во Сирија.

Милитантите во Сирија поврзани со Ал Каида го ослободија американскиот новинар Питер Тео Куртис кој беше држен во заложништво две години, само неколку дена откако друга исламистичка група го погуби американскиот новинар Џејмс Фоли.

Куртис беше предаден на мировните сили на ОН во Сирија, а потоа префрлен во американска надлежност.

Катар помогна во процедурата на ослободување на Питер Куртис. Во моментов не е позната неговата здравствена состојба.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека претседателот Барак Обама изразил радост и олеснување за најновите случувања и ќе ги употреби сите расположиви средства за ослободување и на останатите заложници во Сирија.

Куртис кој исто така пишува под името Тео Паднос е по потекло од Бостон и автор е на неколку книги. Негови написи се објавени и во американски списанија.

Милитантната група Нусра фронт го киднапираше Куртис во Сирија во 2012-та. Групата е една од бројните исламистички бунтовнички групи што се борат за соборување на сириската влада.

XS
SM
MD
LG