Линкови за пристапност

Американската економија додала 148 илјади нови работни места


Невработеноста останала на ниво од 4,1 проценти

Работодавците во САД во декември додале 148.000 нови работни места. Иако бројката е скромна, сепак сугерира дека економијата во новата година влезе со солидна динамика.

Стапката на невработеност трет месец по ред останува на нивото од 4,1 процент, што е најниско ниво од 2000-та година, наваму, соопштија од Одделот за труд.

Во 2017-та, работодавците отвориле околу 2,1 милион работни места, доволно да ја намалат стапката на невработеност, која пред една година изнесуваше 4,7 проценти. Сепак, просечното додавање на работните места годинава забавило на ниво од 171.000, споредено со нивото од 250.000 во 2014-та година.

Тоа обично се случува кога невработеноста паѓа на ниски нивоа и има се` помалку луѓе кои бараат работа.

Повеќето економисти очекуваат даночните кратења на администрацијата на Трамп да помогнат во забрзување на темпото на раст на економијата.

Некои предвидуваат дека стапката на невработеност до крајот на 2018-та година ќе опадне на ниво од 3,5 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG