Нивото на невработеноста во САД се зголеми за една десетина од процентот и за месец декември изнесува 4,7 проценти, соопшти Одделот за труд. Според петочниот извештај, во декември сепак биле отворени 156.000 нови работни места.
Во 2016-та во САД биле отворени 2,2 милиони работни места, што е намалување од претходната година.
Според експертите, порастот на работните места е нешто помал од очекувањата, но сепак, како што кажаа, ситуацијата е солидна.
Релативно ниското ниво на невработеност и натаму значи дека 7,5 милиони лица се без работа, а други 5,6 милиони работат со скратено работно време, а бараат полни осум часови работа.