Линкови за пристапност

Се зголемија просечните плати во САД


Американските компании минатиот месец создале 250.000 работни места и во обид да ги привлечат и задржат работниците ги зголемиле просечните плати за највисока сума во периодот од речиси една деценија.

Месечниот извештај за невработеноста на Одделот за труд е последен од неколкуте економски податоци кои се објавуваат пред вонредните избори на 6-ти ноември.

Во извештајот се наведува дека стапката на невработеност останала на 3.7 проценти, најниско ниво во последниве пет децении.

Довербата на потрошувачите е највисока во последниве 18 години и потрошувачката исто така придонесува за економскиот раст. Американската економија е во десетта година на постојан раст, втор најдолг период во историјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG