Во извештајот на Одделот за труд стои дека невработеноста опаднала за 28.000, до национално ниво од 235.000 лица. Економистите велат дека секоја бројка под 300.000 покажува здрав пазар на труд. Неделните побарувања за надоместок поради невработеност се под тој праг веќе две години.
Посебен извештај од компанијата ADP наведува дека приватниот сектор додал 15.000 работни места, незначително помалку од претходниот месец. Компанијата анализира податоци собирани од милиони процесирани платни налози.
Невработеност во САД за време на најтешката рецесија пред неколку години беше 10 проценти, но опадна на 4,6 проценти во ноември. Бројката за невработеност за декември ќе биде објавена во петок.
Новинската куќа Блубмерг спровела анкета помеѓу економистите, и тие се согласни дека невработеноста ќе порасне незначително, на 4,7 проценти.