Линкови за пристапност

Уште 2,1 милиони работници во САД побарале надомест поради невработеност


Бројот на барања за надомест поради невработеност се намалил во САД минатата недела, соопштија денеска од Одделот за труд, бидејќи некои работодавци почнаа повторно да ги отвораат деловните активности откако беа затворени како дел од мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Вкупно 40,7 милиони работници бараат надомест за невработеност


Но и покрај тоа, уште 2,1 милиони работници бараат финансиска помош откако беа отпуштени поради тоа што бизнисите ги намалија своите активности соочени со континуирана закана од вирусот и помала побарувачка за нивните производи.

Имено, од средината на март, вкупно 40,7 милиони работници сега бараат надомест за невработеност, скоро една четвртина од американската работна сила која ја сочинуваат повеќе од 164 милиони работници.

Сепак, сегашниот број на невработени работници е непознат, бидејќи некои што бараа бенефиции за невработеност во претходните недели, беа повикани од своите работодавци да се вратат на работа. Сите 50гувернери започнаа да ги олеснуваат ограничувањата кои се однесуваат на отворањето на бизнисите.

Бројот на починати во САД од вирусот достигна 100.000 во средата, а здравствените експерти предвидуваат дека десетици илјади ќе ги загубат животите поради оваа болест во наредните месеци. Но, претседателот Доналд Трамп предвидува дека државата стабилно економски ќе закрепне.

„Ќе има подеми и падови, но следната година ќе биде една од најдобрите досега! “

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1265277965383983104

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG