Линкови за пристапност

Невработеноста во САД падна на 4,6 проценти


Според Одделот на труд, ова е показател за се` поголема доверба во американската економија

Според најновиот извештај на Одделот за труд, нивото на невработеност во САД изнесува 4,6 проценти, најниско во последниве 9 години – показател за се` поголема доверба во американската економија.

Поволните бројки се уште еден сигнал дека Федералните резерви подоцна месецов ќе ги зголемат каматните стапки.

Одделот за труд соопшти дека во месец ноември биле додадени 178.000 работни места, што е близу до проценките на економистите дека минатиот месец ќе бидат отворени 180.000 места.

XS
SM
MD
LG