Линкови за пристапност

Јапонија најави повисоки царини за говедско месо од САД


Јапонија најави дека следниот месец ќе ги зголеми царините за увоз на американско смрзнато говедско месо на 50 проценти, од сегашните 38,5 проценти.

Министерот за финансии Таро Асо, изјави дека „повисоката царина ќе стапи на сила автоматски, откако ќе биде надмина квотата за увоз на замрзнато говедско месо од САД, која е утврдена со закон“.

Според правилата на Светската трговска организација, Јапонија може да наметне заштитни царини, кога увозот ќе се зголеми за повеќе од 17 проценти, во период од една година, во кој било квартал од годината.

Јапонија е позната по говедското месо со специфичен вкус - коби, и користи царини и други мерки за заштита на земјоделците од странската конкуренција.

Питер Сенг, главен извршен директор на Американската федерација на извозници на месо, вели дека царината од 50 проценти ќе има импликации на извозот на говедско месо од САД, трговија која има големо „значење“.

Сепак, Австралија, која извезува речиси иста количина на говедско месо во Јапонија како и САД, не се соочува со итни царини, бидејќи има договор за слободна трговија со Јапонија, како дел од Транс-пацифичкото партнерство (ТПП).

Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од Трговскиот договор кусо време откако ја презема функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG