САД и Израел, на церемонија во Стејт департментот, потпишаа десетгодишен договор за воена поддршка.
Договорот ќе го му обезбеди на Израел рекордни 38 милијарди долари, во период од 2019-та до 2028-та, зголемувајќи ја годишната обврска од 3 на 3,3 милијарди долари, како и дополнителни 500 милиони долари годишно за изрелската ракетна одбрана.
Сузан Рајс, советничка за безбедност во Белата куќа рече:
„Ова е најголема воена поддршка за држава во американската историја. Ова не е случајност, туку е потсетник за неколебливата заложба на САД за безбедноста на Израел“, изјави Рајс.
Израелскиот советник за државна безбедност Јаков Најџел рече дека овој пакет „овозможува Израел да може сам подобро да се брани.“