Група од 83-ца сенатори од обете партии, го повикаа претседателот Барак Обама да изготви нов безбедносен договор со Израел, што би вклучил зголемување на воената помош за Израел. Во моментов таа изнесува 3,1 милијарди долари годишно.
Тие пари се алоцирани преку 10-годишен договор што истекува во 2018-та година. Преговорите за новиот договор се во тек, а се верува дека Израел бара зголемување од најмалку 4 милијарди долари.
Сенаторите не образложуваат колку сметаат дека Израел треба да добие, но рекоа дека, цитираме, остануваат подготвени да поддржат значително поголем долгорочен договор.