Линкови за пристапност

Клинтон ги поттикна Израел и Палестинците да покажат флексибилност


Државната секретарка Хилари Клинтон вели дека американската определба за израелската безбедност и иднина е цврста „како камен, непоколеблива и трајна“. Сепак, таа ја повтори американската поддршка за решение на „две држави“ за Израел и Палестинците

Државната секретарка Хилари Клинтон вели дека американската определба за израелската безбедност и иднина е цврста „како камен, непоколеблива и трајна“. Сепак, таа ја повтори американската поддршка за решение на „две држави“ за Израел и Палестинците.

Клинтон на влијателна про-израелска група во понеделникот и` кажа дека посветеноста на решението за „две држави“ ги навело САД да го осудат соопштението на Израел од порано месецов за изградба на нови домови за еврејски доселеници во источен Ерусалим.

Сепак, таа на Американско-израелската комисија за односи со јавноста и` кажа дека осудата не е заради „повредена гордост“ туку за напредување на мировните разговори. Израел го соопшти планот за проширување на населбите додека американскиот потпретседател Џо Бајден беше во посета на Ерусалим.

Клинтон рече дека новите градби, сеедно дали во источен Ерусалим или на Западниот брег, ја поткопуваат довербата и обелоденува разлика меѓу Израел и САД што може да биде експлоатирана од други страни во регионот.

XS
SM
MD
LG