Линкови за пристапност

Болтон: Иранскиот договор е некорисен


Советникот за национална безбедност е во Ерусалим на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон го нарече Иранскиот договор некорисен, и најави дека САД работат на вршење притисок врз европските сојузници, со цел тие да се спротивстават на Иран.

Болтон ова го изјави во Ерусалим каде втор ден по ред се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој рече дека да се спречи Иран од опремување со нуклеарно оружје е прашање од најголем приоритет, и причина поради која Трамп одлучил да се повлече од Иранскиот нуклеарен договор од 2015-та година, како и повторно да воведе економски санкции.

САД се здружија со Британија, Кина, Франција, Русија и Германија да го направат овој договор со Иран, кој значи лимитирање на нуклеарната програма, а во спротивно ослободување на санкциите.

И Нетанјаху е голем критичар на договорот, велејќи дека на Иран му е дадено многу повеќе во замена за многу малку.

Тој истакна дека сите држави кои веруваат во мир и безбедност треба да ги следат САД, и да го зголемат притисокот врз Иран.

Болтон, исто така, ќе ја посети Украина неделава, и ќе се сретне со руски официјални лица во Женева.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG