Линкови за пристапност

Ќе засилат коалиционите воздушни напади против Исламската држава


Најави секретарот за одбрана Хагел на конгресен распит

Секретарот за одбрана Чак Хeгел најави интензивирање на воздушните напади против милитантите на Исламската држава, додека ирачките војници не стекнат поголема ефикасност.

На распит во Конгресот, првиот човек на Пентагон подвлече дека САД и коалиционите сили напредуваат во борбата против милитантите на Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија, но дека американскиот народ мора да се подготви за долга и тешка борба. Хегел истакна дека ирачките, курдските и племенските сили, поддржани од воздушните напади под американско раководство, ги запреле напредокот на ИД, а во некои случаи минале и во контраофанзива. Сепак, тој додаде дека ИД и натаму претставува сериозна закана по американските интереси, американските сојузници и Блискиот Исток, како и дека контролира големи територии во западен и северен Ирак и во источна Сирија.

Хагел и началникот на Здружениот генералштаб, генералот Мартин Демпси, сведочеа пред Комисијата за оружени служби на Претставничкиот дом.

XS
SM
MD
LG