Линкови за пристапност

Помпео вели дека Мутана не е американска државјанка


Претседателот на САД му наредил на Помпео да не и` дозволи да се врати од Сирија

Државниот секретар на САД Мајк Помпео тврди дека Хода Мутана, која се приклучила кон Исламската држава, не е американска државјанка и не треба да добие дозвола да се врати дома од Сирија, бидејќи нејзиниот татко бил јеменски дипломат.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека му наредил на Помпео да не и` дозволи да се врати во САД, и покрај тоа што нејзиниот адвокат вели дека таа е подготвена да се соочи со обвинение во САД, бидејќи свесно заминала во Сирија и ги користела социјалните медиуми да ги фали убиствата на луѓе од Западот.

„Таа можеби била родена тука, но, не е американска државјанка, ниту пак има право на државјанство“, изјави Помпео за Ен-Би-Си.

Но, адвокатот на Мутана вели дека нејзиниот татко ја завршил дипломатската служба месеци пред неговата ќерка да биде родена во Њу Џерси во 1994-та година, што ја прави американски државјанин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG