Линкови за пристапност

Федерален судија го одби барањето да се забрза случајот на Мутана


Тој ќе се разгледува по редовна постапка, а засега нема конкретен датум кога ќе биде следното сослушување

Федерален судија го одби барањето на семејството на Хода Мутана да го забрза процесуирањето на нејзиниот случај, велејќи дека не постојат доволно докази дека таа е во опасност.

Судијата одлучи дека случајот ќе се разгледува по редовна постапка, а засега нема конкретен датум кога ќе биде следното сослушување.

Мутана е родена во САД, но, во 2014-та година ја напуштила државата за да се приклучи во Исламската држава во Сирија. Таа сега сака да се врати во САД.

Нејзините адвокати велат дека таа се соочува со опасност, откако ја напуштила Исламската држава минатата година, а бегалскиот камп во кој сега се наоѓа не бил безбеден.

Владините адвокати, пак, велат дека Мутана не покажала индикација дека се соочува со закана во интервјуата што ги дала за медиумите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG