Линкови за пристапност

Демонстрантите се повлекоа од пред американската амбасада во Багдад


Ситуацијата пред амбасадата на Соединетите американски држави во Багдад денеска е мирна, откако паравоените групи кои протестираа поради американските воздушни напади во Ирак се повлекоа од комплексот.

Претходно, безбедносните служби од американската амбасада употребија солзавец и гумени куршуми кон стотиците демонстранти, кои ја вандализираа зградата.

Протестот во средата се случи еден ден откако толпата се обиде да влезе во амбасадата. Демонстрантите упаднаа во амбасадата, во знак на револт на воздушните напади на САД кон иранската паравојска во Ирак и Сирија.

Министерството за одбрана на САД реагираше на инцидентот со испраќање дополнителни 750 војници на Блискиот исток.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG