Линкови за пристапност

Втор ден протести пред американската амбасада во Багдад


И по вториот ден од протестите пред Американската амбасада во Багдад, Ирак, атмосферата е тензична.

Безбедносните сили во амбасадата на САД во Багдад употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите предводени од про-иранската паравојска.

Претседателот на САД, Доналд Трамп посочи дека не би било добра идеја Иран да ги ескалира непријателствата во војна со САД.

„Мислам дека тоа не би било добра идеја за Иран. Тоа не би траело долго. Сакам да има мир, а Иран треба да сака мир повеќе од кој било друг“, рече Трамп.

Трамп во порака на Твитер претходно напиша дека ќе го смета Иран за одговорен за каква било штета нанесена на американските објекти.

Американскиот претседател вчера разговараше со ирачкиот премиер Адел Абдул Махди за потребата да се заштитат американскиот персонал и објектите во Ирак, при што во изјава за новинарите тој се заблагодари за напорите на ирачката влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG