Паравојската поддржана од Иран, денеска се закани со одмазда како одговор на воздушните напади на САД против нејзини позиции во Ирак и Сирија, во кои загинаа најмалку 25 лица.
Предупредувањето од Катаеб Хезболах доаѓа откако иранскиот министер за надворешни работи ги осуди нападите на САД како кршење на ирачкиот суверенитет и рече дека претставуваат акт на тероризам.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ги потврди воздушните напади и рече дека американски борбени авиони нападнале три цели на Катаеб Хезболах во западен Ирак и две други во источна Сирија.
Еспер ги идентификуваше целите како магацин за оружје и објекти за командување и контрола.
Овие акции биле преземени како одговор на нападите на движењето врз ирачката база кај Киркук, што доведе до смрт на американски државјанин и четворица повредени американски војници.
Facebook Forum