Началникот на Здружениот генералштаб, генералот Џозеф Данфорд се наоѓа во посета на Ирак и во Ирбил имаше средба со лидерот на курдистанскиот регион, Масуд Барзани. Целта е, од прва рака да се запознае со продолжителната борба против милитантите на Исламската држава.
Данфорд на Барзани му посочил дека САД и Курдите имаат, цитираме, „заеднички непријател“.
Курдските борци имаат одреден успех во истиснување на милитантите на Исламската држава од областите во северен Ирак, а потпомогнати се од коалиционите воздушни напади под американско раководство, во тек повеќе од една година.
Ова е прва посета на Данфорд на Ирак, откако на 1-ви октомври ја презеде функцијата. Тој изјави дека ирачките власти го увериле дека не побарале од Русија да се приклучи на групата земји коишто ги изведуваат тамошните напади.