Безбедносните сили во Американската амбасада во Багдад фрли солзавец како одговор на демонстрантите кои упаднаа во Амбасадата, во знак на револт на воздушните напади на САД кон иранската паравојска во Ирак и Сирија.
Демонстрантите користеа улични знаци да ги пробијат вратите на Амбасадата, откако претходно запалија најмалку еден од безбедносните пунктови.
Ирачките медиуми информираа дека владините безбедносни служби не интеревенирале да ги спречат протестантите да упаднат.
Стејт департментот објави соопштение велејќи дека американскиот персонал бил безбеден и оти нема планови за евакуација на Амбасадата.
Американскиот амбасадор во Ирак бил на приватно патување за време на протестот.
Facebook Forum