САД наредија вработените во дипломатските претставништва во Ирак кои не се неопходни да заминат од државата.
Овој потег уследи откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп предупреди на потенцијални закани од Иран кон американските сили на Блискиот исток.
Во соопштението од Американската амбасада во Багдад се вели дека наредбата важи за вработените во амбасадата и за вработените во Конзулатот во Ирбил.
Трамп вчера ги негираше информациите за можно испраќање на 120.000 војници да се справат со Иран, но, не исклучи распоредување на многу повеќе војници во иднина.
Во меѓувреме, висок офицер во воената коалиција предводена од САД за справување со Исламската држава, рече дека не гледа зголемена закана за војниците во Ирак или Сирија од страна на иранските сили.
Оваа изјава се коси со коментарите на администрацијата на Трамп и на Пентагон, кои тврдат дека забележале потенцијални закани од Иран врз американските сили на Блискиот исток.
Facebook Forum