Линкови за пристапност

Трамп: Нема сомнение дека соборениот дрон е ирански


Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека иранско беспилотно летало било урнато во теснецот Ормуз додека се приближувало кон американски воен брод.

„Нема сомнение за тоа. Го соборивме“, изјави Трамп денеска за новинарите во Овалната канцеларија.

„Нема сомнение дека тоа е ирански беспилотно летало“ рече советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, кој посочи дека дронот претставувал закана за бродот и екипажот. „Тоа беше целосно исправна работа.“

Запрашан дали е загрижен поради поширок судир со Иран во теснецот, Трамп одговори дека не е.

„Се надеваме дека поради нив нема да направат ништо глупаво. Ако го сторат тоа, ќе платат цена како никој дотогаш.“

Претходно Иран соопшти дека не било соборено нивно беспилотно летало, негирајќи ги извештаите дека американскиот воен брод уништил дрон во Теснецот Ормуз.

„Не изгубивме ниту еден беспилотно летало во теснецот Ормуз, ниту на било кое друго место“, соопшти заменикот министер за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи. Тој на Твитер напиша дека е „загрижен“ дека американскиот воен брод „по грешка“ соборил американско беспилотно летало.

[[ https://twitter.com/araghchi/status/1152081448704196611 ]]

Трамп рече дека беспилотното летало се приближило на 900 метри и ги игнорирало „повеќекратните повици да се повлече“.

„Беспилотното летало беше веднаш уништено", рече тој. "Ова е последната од многуте провокативни и непријателски акции на Иран против бродови во меѓународните води. Соединетите Држави го задржуваат правото да ги бранат нашиот персонал, нашите капацитети и интереси“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG