Линкови за пристапност

САД би можеле да нападнат ирански воени бродови ако тие ги вознемируваат американските воени бродови


Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди условни воени напади врз иранските бродови по блиската средба во Персискиот Залив на бродови на двете држави.

Трамп денеска објави порака на Твитер дека „ѝ наложил на морнарицата на САД да ги уништи сите ирански воени бродови доколку тие ги вознемируваат нашите бродови на море“.

Неколку часа пред наредбата на Трамп, Иранската револуционерна гарда соопшти дека го лансирала првиот воен сателит на земјата во орбита по неколку неуспешни обиди.


Акцијата на Трамп доаѓа неколку дена откако паравоената револуционерна гарда на Иран соопшти дека нејзините сили спроведувајќи вежби во Заливот се соочиле со „непрофесионални и провокативни дејства“ од американски воени бродови минатата недела.

Но, видео објавено од американската морнарица покажува мали ирански брзи бродови кои се приближуваат до американските воени бродови.

Неколку часа пред наредбата на Трамп, Иранската револуционерна гарда соопшти дека го лансирала првиот воен сателит на земјата во орбита по неколку неуспешни обиди.

САД се спротивставија на иранската сателитска програма во Иран за развој на балистички ракети кои би можеле да бидат вооружени со нуклеарни боеви глави.

Иран инсистира на тоа дека неговата нуклеарна програма е само за цивилни цели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG