Државниот секретар на САД Мајк Помпео обраќајки се до новинарите рече дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака војна со Иран, но рече дека САД остануваат подготвени за тоа што е потребно за да се спречи иранската агресија.
Помпео разговараше со новинарите по посетата на воздухопловната база во Флорида. Неговата посета следеше еден ден откако претставниците на Пентагон објавија дополнителни фотографии од минатонеделниот напад врз двата нафтени танкери во Ормутскиот теснец, во близина на Персискиот Залив.
Официјални претставници на Пентагон велат дека сликите го поддржуваат нивното тврдење дека Иранската револуционерна гарда е одговорна за нападите.
Во понеделникот, одделот за одбрана го објави распоредувањето на околу 1.000 војници на Блискиот Исток, за што Помпео рече дека е за „одбранбени цели“.
Вчера Помпео инсистираше дека овие дејства не значат дека САД се подготвуваат за војна со Иран.
Facebook Forum