Линкови за пристапност

Наскоро ќе се знае одлуката на Трамп за Договорот со Иран


Според експертите, топката сега може да биде префрлена во Конгресот

Американски претставници велат дека претседателот Доналд Трамп наредната недела ќе ја соопшти својата одлука дали САД ќе останат во Нуклеарниот договор од 2015-та, склучен меѓу Иран и неколку други светски сили.

Трамп ова може да го стори пред крајниот рок од 15-ти октомври, кога пред Конгресот треба да каже дали верува оти Иран се придржува на договорот и дали истиот е во полза на американските интереси.

Државниот секретар Рекс Тилерсон рече дека на Трамп ќе му бидат понудени неколку опции околу спогодбата, одбивајќи да открие дополнителни детали.

За време на неодамнешното обраќање во Обединетите нации, Трам договорот го опиша како „срам“, велејќи дека претставува „една од најлошите и наједностраните трансакции што САД некогаш ги склучиле“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG