Линкови за пристапност

Трамп: Иран доби забелешка по лансирањето на балистичкиот проектил


Американскиот претседател воедно повторно го осуди договорот меѓу САД и пет други светски сили за прекин на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување од санкции.

Претседателот Доналд Трамп вели дека Иран добил „официјална забелешка“ заради лансирањето на балистичкиот проектил.

Трамп воедно повторно го осуди договорот меѓу САД и пет други светски сили за прекин на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување од санкции.

Нуклеарниот договор беше како резултат на наводите дека Иран работел на производство на нуклеарно оружје, што Иран ги порекнува. Од Иран воедно се бараше и да ги ограничи активностите за збогатување на ураниум, а неколку од своите нуклеарни објекти, да ги пренамени за други цели.

Виши претставници од Белата куќа, велат дека иранското лансирање на балистички проектил и поддршката на Хути бунтовниците во Јемен, се провокација, го дестабилизираат регионот и претставуваат закана по безбедноста на неколку држави, вклучувајќи и сојузници на САД.

Иран потврди дека во неделата го извел тестирањето, но дека со тоа не го прекршил договорот од 2015-та година.

XS
SM
MD
LG