Линкови за пристапност

Средба Кери-Зариф во Њујорк


Си зададоа рок до 30-ти јуни да постигнат конечен договор за иранската нуклеарна програма: американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф
Си зададоа рок до 30-ти јуни да постигнат конечен договор за иранската нуклеарна програма: американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф

Прва по рамковната спогодба за иранската нуклеарна програма

Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денес ќе се сретнат во Њујорк. Ова е нивна прва средба откако објавија рамковна спогодба за ограничување на иранската нуклеарна програма, во замена за олеснување на санкциите.

Средбата ќе се одржи на маргините на Конференцијата на ОН за неширење на нуклеарното оружје, соопшти виш претставник на Стејт департментот.

Преговарачите од Иран ед една, и групата шест светски сили од друга страна си дадоа рок до 30-ти јуни да постигнат конечен договор за иранската нуклеарна програма што ќе одговори на загриженоста дека Техеран би можел да ја искористи за да развие нуклеарно оружје. Официјален Техеран инсистира дека програмата е во мирољибиви цели и сака санкциите, коишто значително ја погодија иранската економија, да бидат укинати.

Критичарите на преговорите, а меѓу нив и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, наведуваат дека САД, Британија, Кина, Франција, Русија и Германија имаат многу мек став кон Иран и дека ќе дозволат да продолжи преголема нуклеарна активност на иранска страна, во замена за укинување на санкциите.

Американскиот претседател Барак Обама ги бранеше одредбите на рамковната спогодба, истакнувајќи дека санкциите повторно би можеле да се воведат доколку Иран не го исполни својот дел од обрските.

Поранешниот претседател Џорџ В. Буш, којшто ретко се појавува во јавноста да коментира на политички теми, на средба на Републиканската еврејска коалиција саботата ја критикуваше спогодбата и рече дека е знак прашање дали би можело повторно да се воведат санкциите.

Американскиот Сенат разгледува предлог-мерка којашто би овозможила Конгресот да ги преиспита одредбите на спогодбата пред да бидат укинати санкциите кои што ги има донесено законодавната власт. Мерката исто така налага Обама на секои 90 дена да потврди дека Иран се придржува до одредбите. Обама најави дека би потпишал таква мерка.

XS
SM
MD
LG