Линкови за пристапност

„Одреден напредок“ во Женева


По тридневните разговори Кери-Зариф

Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф во Швајцарија ги завршија тридневните разговори за иранската нуклеарна програма со оценка од двете страни дека бил направен напредок.

Виш претставник на Стејт департментот рече дека „интензивната дискусија“ вродила со „одреден напредок“, но дека и натаму има предизвици да се постигне рамковен договор до предложениот рок на крајот од месецот.

Светските сили бараат спогодба за ограничување на количините на збогатување на ураниум во Иран и земјата да не развива нуклеарно оружје.

Иранскиот претседател Хасан Рухани денес кажа дека иако Техеран би се согласил на поголема транспарентност, не би прифатил да ја запре својата нуклеарна програма, според иранските државни медиуми. Истиот извор наведува и дека Рухани дал две можни решенија на преговорите: спогодба, или пак „побрз растеж на иранската мирољубива нуклеарна програма“. Иран има најавено дека сака спогодбата да вклучи и олеснување на меѓународните санкции.

Од Швајцарија, Кери треба да замине за Саудиска Арабија, каде што со Советот за соработка во Заливот ќе разовара за иранската нуклеарна програма и други прашања.

XS
SM
MD
LG