Линкови за пристапност

САД најавија повторно воведување санкции врз Иран


Според Стејт департментот, целта е зголемување на притисокот врз иранскиот режим, преку сведување на приходите од продажбата на сурова нафта на нула

САД планираат повторно воведување на остри санкции за иранскиот енергетски и банкарски сектор, велејќи дека Владата на Иран треба да го промени своето однесување и да дејствува како „нормална земја“.

Директорот за планирање на политиката при Стејт департментот Брајан Хук, изјави дека целта е зголемување на притисокот врз иранскиот режим, преку сведување на приходите од продажбата на сурова нафта на нула.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Нуклеарниот договорот со Иран и ги предупреди другите земји дека и тие ќе се соочат со казни, доколку продолжат да тргуваат со санкционираните сектори на иранската економија.

Иранскиот претседател Хасан Рохани, неделава ќе ги посети Австрија и Швајцарија, барајќи поддршка за договорот.

САД, Велика Британија, Русија, Франција, Кина, Германија и Европската унија, договорот со Иран за прекин на неговата нуклеарна програма, го постигнаа во 2015-та година.

Во моментов во Иран има улични протести поради влошените економски услови во земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG