Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја нема да одржи билатерални разговори со САД.
Говорејќи пред парламентот, Рохани рече дека единствениот начин да има преговори е доколку САД ги укинат сите санкции против Иран и дека ваквите разговори би ги вклучиле и другите потписнички на меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година.
Претседателот на САД, Доналд Трамп се повлече од договорот минатата година, откако остро ги критикувашеусловите на договорот меѓу Иран и група нации во кои беа вклучени Велика Британија, Кина, Франција, Русија, Германија и Европската унија.
Трамп минатата недела изрази отвореност за средба со Рохани. Американскиот лидер сака било кој нов договор да оди подалеку од договорот од 2015 година и да вклучува не само ограничувања на иранската нуклеарна активност, туку и да се забрани тестирање на балистички ракети.
Facebook Forum