Линкови за пристапност

Зариф: Иран не сака тензии


Иранскиот министер за надворешни работи се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе, еден од светските лидери кој се обиде да посредува во односите меѓу Иран и Соединетите држави

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф рече дека неговата земја не сака зголемување на тензиите.

Говорејќи денеска за време на посетата на Јапонија на средба со премиерот Шинзо Абе, Зариф рече дека Иран верува дека „на секоја нација треба да ѝ се дозволи да ги остварува своите права според меѓународното право“.

Абе го посети Техеран претходно оваа година во обид да посредува како медијатор меѓу Иран и Соединетите американски држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG