Линкови за пристапност

САД и Иран во нова рунда преговори


Билатералните преговори во Женева започнаа во четврток и се однесуваат на иранската нуклеарна програма

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека американската делегација ќе ја предводи заменик-државниот секретар Вилијам Брнс, а ќе присуствува и главната преговарачка за нуклеарни прашања на САД , Венди Шерман.

Преговорите уследија откако Иран и шест светски сили не успејаа да постигант сеопфатен договор за нуклеарната програма минатиот месец. САД, Британија, Кина, Франција, Германија и Русија, кои ја сочинуваат таканаречената П5+1, се согласија со Иран рокот да се продолжи до 24 ноември.

Привремениот договор што го постигнаа двете страни минатиот ноември, ги олесни санкциите поставени спрема Иран, а иран за возврат се согласи да запре со програмата на збогатување на ураниумот.

Иран ги отфрли обвинувањата дека се обидува да развие нуклеарно оружје, нагласувајќи дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели.

XS
SM
MD
LG